Талат Џафери бара пратениците да работат онлајн

Претседателот на Собранието, денеска поднесе предлог за дополнувања на собранискиот Деловник, по скратена постапка со цел пратениците да работат – онлајн.



„Имајќи ја во предвид новонастанатата состојба предизвикана од корона вирусот, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката, кој својата организација и функционирање ги уредува во согласност со Уставот и Деловникот, потребно е одредбите од Деловникот на Собранието да се усогласат спрема новонастанатата здравствена состојба“, соопшти собраниската прес-служба.

Со предложените измени, би се обезбедило непречено работење на Собранието преку далечинска односно електронска работа на пратениците…