Со концерт на групата „Архангел“, под мотото „30 години љубов“ вечер во салата „Борис Трајковски“ почнува 22-то издание на „Таксират“.
Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот. Носењето маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот концерт. (Плусинфо)






