„Требаше на власт да дојде Заев за да се донесе законот за јазиците. ДУИ беше на власт заедно со ВМРО-ДПМНЕ и не успеа да го донесе тој закон порано“, вели Мендух Тачи, лидерот на ДПА, која е дел од сегашната владејачка коалиција
Во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на „ТВ21“ Тачи остро го нападна лидерот на ДУИ.
„Не можеме да заборавиме на 10 години власт на ДУИ заедно со ВМРО-ДПМНЕ на Груевски. ДУИ немаше никаква одговорност во таа власт“, порача Мендух Тачи и нагласи дека за него е „симпатично“ тоа што Ахмети се борел земјава да стане дел од НАТО и ЕУ, а токму тој ја нападнал Македонија со оружје кога се потпишувал Договор за асоцијација и стабилизација. (Точка)







