„Тука има прашање што директно ја тангира Академијата за промена и на нејзиното име, како и на други институции.
МАНУ ќе изврши пошироки консултации со правниот тим за да се види дали Договорот има пофлексибилни толкувања и да остане името на Академијата.
Меѓутоа, ова не ја намалува валидноста дека идентитетските прашања се успешно разрешени“ изјавил денеска претседателот на МАНУ , Таки Фити, пренесува „+Инфо“.
Првиот човек на Македонската академија на науки и уметности вели смета дека со Договорот помеѓу Македонија и Грција идентитетските прашања и прашањето за јазикот се решени и зацврстени.





