Во неговата книга „За македонцките работи“, објавена во 1903 година, веднаш по Илинденското востание, Крсте Петков Мисирков на повеќе од сто страници ги кажува своите ставови за македонското прашање, националната свест, македонскиот јазик… Еве само еден мал исечок од книгата:
„Јас сум Македоец и интересите на мојата татковина ми се петставуваат така: не Русија и Австро-Унгарија се непријателите на Македонија, туку Бугарија, Грција и Србија…Ние Македонците не можеме да очекуваме помош од никоја од балканските државички, оти решеието на нашето прашање е сето во рацете на големите сили и затоа и не ни’ треба да ги соединуваме и да ги замешуваме нашите интереси со чии и да се словенски интереси на Балканскиот Полуострив. Нам ни’ треба внатрешно обединување меѓу себе. Не сме ни Срби, ни Бугари, ни Грци. Не ни’ требаат патријаршисти, егзархисти зашто ние сме само православни христијани. Делењето е вештачки создадено од балканските државички со намера да ја делат Македонија со стекот на околностите. Македонците на сегашниот степен од нивниот национален развиток не се материјал во рацете на малечките балкански државички, ами се силен етнографско-политички фактор од којшто повеќе зависат судбините на Македонија отколку од малечките балкански државички. Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национачно-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денес нашиот народ на делови непријателски еден кон друг“.







