Претседателскиот кандидат на владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) Лаи Чинг-те победи на денешните избори во Тајван, со што гласачите јасно ги отфрлија предупредувањата на Кина да не гласаат за него на изборите што во Пекинг се карактеризираат како избор меѓу војна и мир, јави Ројтерс.
По пребриени 90% од гласовите стана јасно дека победник е досегашниот потпретседател Лаи, кој се залага за одвоениот идентитет на Тајван и ги отфрла територијалните претензии на Кина.
Лаи стигна до 5 милиони гласови, а главниот противник од опозициската Куоминтанг (КПП) заостанува еден милион гласови.
Хоу Ју-их, од КПП го призна поразот на изборите.
И третиот противкандидат и поранешниот градоначалник на Тајпеј, Ко Вен, од малата Народна партија на Тајван, основана само во 2019 година, го призна поразот.
Во пресрет на изборите, Кина постојано го обвинуваше денеска избраниот Лаи дека е опасен сепаратист и упорно ги одбиваше неговите повторени покани за разговори.
За време на кампањата Лаи нагласи дека е „посветен на зачувување на мирот низ Тајванскиот теснец и зајакнување на одбраната на островот“.
Изборот ги потврдува стравувањата дека напнатоста и непријателствата меѓу Кина и Тајван, остров кој го смета за свој дел и бара присоединување – ќе продолжат.





