Вицепремиерот Артан Груби кој денеска зборуваше за непостоечки форми во законите кои регулираат класифицираност на документи нема да се спаси од одговорност ако направил кривично дело со тајниот договор со Бехтел и Енка.
,,Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка”.
Ова е членот 21 од Законот за класифицирани информации кој предвидува кривична одговорност за тој што го крши законот.
Ако со тајноста на договорот кој според Груби е таен и класифициран има прикривање на кривично дело тие што го прават делото но и тие што ги кријат сторителите ќе одговараат пред законот.






