Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер кој од денеска ќе претстојува во двоидневна посета на Македонија, вели дека целта на неговата посета е „да сигнализира дека Западниот Балкан во ниту еден случај не е заборавен. Кога ќе се исполни соодветниот напредок на домашен план, тогаш и патот кон членство во ЕУ ќе стане поизвесен“, вели Штајнаер за Дојче веле.
На констатацијата на ДВ дека ЕУ нема временски план за проширување со Западен Балкан, но дека некои земји затоа самите ја поставуваат 2030 година, Штајнмаер вели:
„Јас сум претседател, а не пророк. И затоа останувам на тоа дека сѐ зависи од подготвеноста за внатрешни реформи во државите и од подготвеноста да се имплементираат тие реформи. Ние и денес можеме поинаку да аргументираме во однос на земјите од Западниот Балкан, како на пример за Македонија и Албанија кои направија решителни чекори напред. Тоа ја зголемува самодовербата во земјите и им покажува и на другите во дека останува на ставот оти тоа зависи од подготвеноста за внатрешни реформи во државите и од подготвеноста да се имплементираат тие реформи.
Германија: Прво реформа бна ЕУ па потоа проширување
„Ние и денес можеме поинаку да аргументираме во однос на земјите од Западен Балкан, како на пример за Македонија и Албанија кои направија решителни чекори напред. Тоа ја зголемува самодовербата во земјите и им покажува и на другите во регионот на Западниот Балкан дека овој чекор се исплаќа. А, освен тоа, не смееме да заборавиме дека надвор од прашањето за пристапување во потесна смисла, на тој пат се постигнува и напредок“, вели германскиот претседател.
Тој потсетува дека процесот за Западен Балкан започна во Берлин пред многу години.
„На почетокот беше тешко, како што се сеќавам. Но, кога ќе помислам на последниот самит, сметам дека патувањето со лични карти, меѓусебното признавање на школските и универзитетските дипломи, подготвеноста на ЕУ да помогне со енергетските проблеми, тоа е значителен напредок.
Во овој поглед, го разбирам нетрпението, без сомнение. Но, ние не сме во фаза кога некого би обесхрабрувале. И тоа секако не поради Украина, затоа што сите внимаваме на Западен Балкан, но ги следиме и Северна Македонија и Албанија, каде што има напредок“, вели Штајнмаер во интервјуто за ДВ.







