Веќе една недела владата води неформална тајна операција во која ,,Под дрво и камен” се бара кртот што го споделил договорот со Бехтел и Енка.
Оперативци од повеќе тајни служби во државата како и луѓе од најголема доверба на Пендровски, Ковачевски, Заев и Груби проверуваат најмалку седум лица за кои се смета дека се дел од акцијата во која бил споделен тајниот договор со Бехтел и Енка вреден над 1,6 милијарди евра.
Оваа информација за expres.mk ја потврдува лице – свиркач од кое што без писмен налог преку посредници било барано да учествува во истрагата која не постои на хартија ниту е регистрирана или архивирана во институциите.
Лицето свиркач кое одбило да води нелегална истрага одбива да биде именувано јавно поради страв од одмазда од владејачките структури.
На сите на кои им било понудено да учествуваат во истрагата им се нуделе дополнителни приходи надвор од редовните плати кој ги добиваат од државата.
Овие седум лица кои се проверуваат од власта за истекување на делови од договорот кои се објавуваат од политичари и медиуми не се единствените кои се проверуваат во неофмални безбедносни процедури.
Тајната операцијата не е заведена во ниту една служба за безбедност, неа ја водат луѓе кои се активни или екс оперативци на АНБ, Агенцијата за разузнавање, Воената служба за разузнавање и луѓето кои го советуваат премиерот Ковачевски но таа не е заведена во ниту една од овие институции.
Покрај седумте луѓе кои се проверуваат за инволвираност во протекувањето на договорот кои се надвор од владините институции предмет на интерес на власта се уште 5 лица кои се или биле дел од структурите на владата на СДСМ и ДУИ.
Меѓу седуммината има 4 познати политичари, двајца новинари и еден експерт за безбедносни прашања.
Изворот на expres.mk вели дека во наредните денови ќе достави детали за имињата на тие што се предмет на истрагата но и за начините кои се користат да се дојде до човекот или луѓето кои го споделиле договорот со Бехтел и Енка.






