Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прв на листата на највлијателни личности на годината во анкетата на магазинот „Тајм“.



Зеленски добиl 3,3 милиони гласови, што е околу пет отсто од сите гласови.

„Кога руската армија започна општа инвазија на Украина во февруари, Зеленски, комичар без политичко искуство пред да биде избран за претседател во 2019 година, беше турнат на светската сцена и успеа да ги собере светските лидери да ја поддржат Украина“, се вели во соопштението на „Тајм“.