Магазинот Тајм го прогласи Илон Маск, извршен директор на компанијата за производство на електрични возила Тесла и истражување на вселената на SpaceX, за личност на годината за 2021 година.
Маск неодамна го престигна основачот на Амазон Џеф Безос како најбогат човек во светот, бидејќи растот на цената на Тесла го зголеми неговиот нето имот на околу 300 милијарди долари. Тој поседува околу 17 проценти од Тесла.
Тајм кој го нарекува „кловн, генијалец, визионер, индустријалец“, наведувајќи ги напорите на Маск од основањето на SpaceX во 2002 година до неговото учество во формирањето на компанијата за алтернативна енергија SolarCity заедно со Тесла, највредниот производител на автомобили во светот.
Тесла е убедливо највредната автомобилска компанија во светот, во еден момент оваа година ја надмина пазарната вредност од 1.000 милијарди долари. Големите производители на автомобили со седиште во Детроит Форд и Џенерал Моторс заедно вредат помалку од 200 милијарди долари.
Илон Маск (50) е познат по своите каприци и испади преку Твитер. По потекло е од Јужна Африка, по што доби канадско, а подоцна и американско државјанство.






