Најмалку 31 лице е убиено во масовно пукање во градинка во североисточна провинција на Тајланд, соопшти полицијата, објавија медиуми спооред кои напаѓачот се убил и себеси и своето семејство.
Престрелката се случила попладнето по локално време, додека децата во градинката спиеле.
Полицијата соопшти дека билансот на загинатите е 31, а меѓу жртвите има и деца и возрасни. Тие рекоа дека напаѓачот бил поранешен полицаец.







