Уплашени од коронавирусот, но гладни, тајландски проститутки излегоа на празните улици , пренесува АФП.
Сите бордели во земјата се затворени, ноќните клубови и салоните за масажа се запечатени, границите на земјата се затворени и практично нема туристи.
Поради ова околу 300.000 сексуални работни(чки)ци останаа без работа.
Сега дел од нив се враќаат на улица и покрај ризикот да заболат од смртоносен коронавирус.






