„Една мудра поговорка вели: ‘Можеш да фатиш избеган коњ, но не можеш да му веруваш.’ И албанската политика во Македонија има свои избегани коњи, кои не можеш да ги фатиш, ниту можеш да им веруваш!“ – вели Назим Таипи во својата колумна со наслов „Албанската политика во Македонија има свои избегани коњи“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.
Таипи пишува: „Како да им веруваш на овие?! Излегуваат и бараат граѓански глас за албанскиот премиер. А, всушност, двапати се формира нова Влада и овие молчат. Потоа пак велат: ‘Ќе го сториме тоа во последните 3 месеци.“
„Не ја отстапија власта по никоја цена, бидејќи, наводно, наскоро ќе почнат преговорите со ЕУ. А продолжуваат со ветувања дека тоа ќе се случи во декември, не, за Нова година, не, на крајот на јануари… Всушност, немаат ниту договор со Бугарија!“
„Тие мислат дека сè уште им веруваме. И продолжуваат да се повикуваат во тоа дека ја добиле довербата на народот. Знаеме дека има разлика меѓу она дали сте ја добиле довербата, или сте зеле нечија доверба со зорт, едвај.“
„Овие политички крадци многу добро знаат дека довербата од народот ја освоија со уцени, закани и со купување гласови!“
„Вербата во политиката, исто како и како и вербата во економијата и другите сфери на животот, е основа за успех.“
„Да, вие ќе продолжите и натаму на власт, но никогаш нема да имате успех, затоа што довербата на граѓанинот не ја добивте, туку ја украдовте!“ – порачува Назим Таипи на крајот од својата колумна.
Home Македонија Таипи: „Избеганите коњи на албанската политика во Македонија – довербата на граѓаните...





