Таинствена најава за криминал на Шилегов (ВИДЕО)

За нецели 24 часа се очекува објава на
криминална афера за градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и засега непознат директор на Јавно Претпријатие под ингеренции на Град Скопје?



Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денешниот прес го заврши со таинствен повик кон институциите за нивна внимателност во следните денови, најавувајќи информации според коишто ќе биде откриено како се збогатил Шилегов.

„…Ќе стане јасно како Петре Шилегов иако нема покритие со своите официјални приходи, се стекнува со толку големо богатство и луксузен недвижен имот“, нагласи Стоилковски.

Според извори од партијата, како што пренесуваат пов ќе други медиуми станува збор за огромен криминал, поткрепен со бројни докази којшто ќе биде објавен утре, а во кој што се вмешани Петре Шилегов како и еден директор на јавно претпријатие под Град Скопје.

Иако партијата повика на внимателност на институциите, велат нема да остават на случајност, туку дека сето ќе заврши со поднесување на кривична пријава за сомневање за криминал.