Тагарев: НАТО да ја преземе контролата над бугарското небо

Поранешен бугарски министер за одбрана предупредува дека земјата мора да побара помош од НАТО за заштита на сопственото небо.



„Војната тропа на врата. Намерно или не, руските дронови веќе навлегуваат во воздушниот простор на Полска и Романија (дронот во Хрватска веројатно бил украински)“, вели Тодор Тагарев сега предевач на воена академија.

Експертот смета дека е потребна категорична позиција за да се заштити суверенитетот на земјата.

Владата треба веднаш да побара од сојузниците да ја преземат контролата над бугарскиот воздушен простор, кој е дел од воздушниот простор на НАТО, вклучително и преку распоредување на дополнителни сојузнички ловци на бугарска територија.