< Фотографија објавена од висок функционер на СДСМ покажува дека таен агент односно вработен во Агенцијата за национална безбедност учествува на партиски митинг на СДСМ. Сликата намерно или по грешка објавена на социјалните мрежи од страна на градоначалникот на Валандово Перо Костадинов прикажува доказ за поведување на постапка за учество во политичка кампања на вработен во тајната служба Поранешениот градоначалник на општината Чешиново-Облешево, Горанчо Крстевски сега вработен во АНБ не смеел да учествува на партиски состанок затоа што на вработените во тајните служби им е забрането да бидат партиски активисти и членови и да бидат дел од партиски собири. Според законот Крстевски треба да биде веднаш суспендиран од своето работно место а директорот на АНБ Заре Милошевски треба да преземе мерки за негово бркање од работа за прекршување на правилата на АНБ. Крстевски е вработен во АНБ откако изгуби на изборите за градоначалник во 2021 година. https://twitter.com/B1PcG6cyiRrcoTr/status/1671969441595138049?t=MjI5v06QS85o9y4nh1832Q&s=19



