Дејан Георгиевски во голем стил избори деби на Македонија во таеквондо на годинашните Олимписки игри во Токио, триумфирајќи на квалификацискиот турнир во Софија!



Тој во финалето во категоријата над 80 килограми славеше уверлива победа од 13:6 над актуелниот олимписки првак Радик Исаев од Азербејџан!

„Радувај се Македонијо! Во Токио одиме по злато и никако поинаку! Слава на Господ!“, објави Македонската таеквондо федерација.

На својот роденден европскиот шампион од 2017 година и вицепрвак од 2020 му се придружи на борачот Могамедгаџи Нуров како засега единствени двајца македонски спортисти со изборено учество на Олимпијадата преку квалификации.