Тадиќ обвини дека Рама, Вучиќ, Ѓукановиќ соработувале при транспортот на Груевски

Експретседателот на Србија Борис Тадиќ е уверен дека при бегството на Груевски од Македонија во Унгарија преку Албанија, Црна Гора и Србија постоел таен, тивок организиран договор меѓу претседателите Вучиќ и Ѓукановиќ и премиерите Рама и Орбан.



На прес конференција Тадиќ изјавил дека се работи за организиран договор затоа што Груевски е правосилно осуден за криминал и од затвор го делеле само неколку часа.

Тадиќ е уверен дека штом Груевски пристигнал на граничниот премин со Србија за тоа морало да биде известен српскиот претседател Вучиќ.

Екс шефот на српската држава тврди дека со тоа што Вучиќ го обвинил дека набавил ист мерцедес како и тој на Груевски намерно излажал.