Косовскиот претседател вели дека „сон на сите“ е национално обеднување со Албанија“.
„Зар не е стратешка цел и обединување со Албанија? Албанците ќе бидат заедно во евроатлантското семејство, НАТО и ЕУ. Но, се разбира, сите го знаат сонот на Албанците “ рекол Хашим Тачи во гостување на ТВ Дукаѓини, пренесуваат приштински медиуми.
Според него, идејата за корекција на границите не вклучува размена на територии и нема да разговара за размена или поделба пренесува српска Политика.





