Косовскиот претседател Хашим Тачи објави дека ако Европската Унија ја „продолжи изолацијата на Косово“, Приштина ќе ја разгледа можноста за институционални дејствија или референдум за обединувањето на Косово со Албанија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
“Ова можеме да го направиме или преку резолуции во собранијата на нашите две држави или преку референдуми во Косово и во Албанија, секогаш вклучувајќи ги и Прешево, Медвеѓа и Бујановац”, рече Тачи во интервју за ТВ Дукаѓини.
Според Тачи, идејата за „корекција на историските неправди“, односно за припојување кон Косово на Прешевската Долина, регионот со мнозинско Албанско население во јужна Србија, „никогаш не била посензибилизирана од сега”.
Пред речиси 3 години слична закана до ЕУ упати и албанскиот премиер Еди Рама.




