„Не е ништо ново или не е ништо недозволиво политичка партија од Косово или од Албанија да искаже поддршка за некоја партија тука“ изјави прептседателот на ДПА Мендух Тачи на партиски собир во Тетово.



Но, тој предупредува дека вмешувањето на косовската Самоопределување во изборите во Македонија може да биде опасен преседан.

„Но, тоа е лош преседан кога таа партија (Самоопределување н.з.) е на власт. Мора да постојат многу изговори или алиби заради тоа што може од Србија или од Русија да има импликации во политичкото организирање на македонските партии.

Мислам дека поради тешкотиите што ги има, Косово нема таков комодитет за да врши таква интервенција.

Затоа, не треба да им даваме аргументи на другите, на нашите противници и да ги легитимираме интервенциите, од Русија, на пример“, рече Тачи.