Лидерот на ДПА Мендух Тачи вели дека бил зачуден од, според него, српските ставови на ВМРО-ДПМНЕ, и додава дека партијата на Мицкоски не успева да го камуфлира антиалбанизмот.
„Партијата на Мицкоски ќе јаде голем ќотек од меѓународната заедница со што македонските граѓани ќе ја сфатат пораката дека доколку тие победат на избори, граѓаните ќе изгубат, истакна Тачи во Клик Плус на тв21.
„Дали ова има позадина, и Коридорот 8 и Уставните измени имаат една име? Антиалбанизам, го кажувам тоа директно. Сè сум очекувал но дека ВМРО ќе се бави со анти-албански и анти-бугарски политики, а со про-српски политики, како да не етикетирам кога фактите сами зборуваат. Кои се елементите во Балкан кои моментално претставуваат пречка во ЕУ: Србија, Вучиќ и ВМРО“, вели Мендух Тачи пренесува ТВ21.
Тачи смета дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквите политики ги изгуби и албанските партнери бидејќи, според него, сите албански партии се за интеграција во ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ соработува со противниците на Унијата.







