Тачи: „Овој предлог е крај на влијанието на Русија во РМ – ниедна албанска партија нема да коалицира со оние, што се против него!“

„Вечерва во дебатниот магазин ‘Клик Плус’ на ТВ21 Мендух Тачи, лидерот на владината Демократска партија на Албанците – ДПА изнесе свој став дека ‘од времето на претседателот Киро Глигоров до денес ова е најлош предлог’.“ – јави ТВ 21.



ТВ 21 пренесува дел од искажувањата на Мендух Тачи: „Според него, наредниот ќе биде уште полош. ‘Ова е најлошиот предлог до сега, од времето на Киро Глигоров до денес. Но, наредниот ќе биде уште полош предлог“ – рече тој.“

„За тоа зошто вели така, Тачи одговара дека ‘нема шега со меѓународниот фактор’. ’Тие ти нудат компромис. Треба компромис за подобра иднина. Ова не е француски предлог, ова е предлог на ЕУ. Со овој договор ставаме крај на влијанието на Русија во Македонија. Никој не вели дека е дискутабилен македонскиот јазик и идентитетот на Македонците. Албанците имаат разбирање и се на страната на нивните сограѓани Македонци.’ – кажа Тачи.“

„Тачи тврди дека ниедна албанска партија нема да коалицира со тие, што се против овој договор. ‘Меѓународниот фактор прави големи напори, за да ја придвижи Македонија напред, напред кон ЕУ. Ова не е заслуга на Владата, ова е заслуга на нашиот стратегиски партнер САД. Тие даваат огромна поддршка на нашата земја.’ – изнесе лидерот на ДПА Мендух Тачи.“

„На прашањето која е алтернативата, или да се споиме со Русија, Тачи има категоричен став ‘Никако!’. Според него, на состанок во Владата немало никој против новиот предлог, освен лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов. ‘На состанокот во Владата со лидерите на владината коалиција немаше никој против новиот предлог. Единствено Павле Трајанов бараше консензус од сите партии.’ – рече првиот човек на ДПА Тачи.

„Запрашан за тоа што ако падне Владата и кој ќе ја води новата, Тачи порача дека ‘ниедна албанска партија нема да коалицира со партиите кои се против овој предлог’.“