ќПретседателот на Косово, Хашим Тачи одби да учествува на третиот состанок во Драч, Албанија на т.н. „мини Шенген иницијативата“ предводена од лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија.
Тачи на Фејсбук напиша дека морал да ја одбие поканата на албанскиот премиер Еди Рама од причини кои веќе ги навел.



Тачи додаде дека ваквите регионални иницијативи се „бесмислени“ се додека Србија и Босна и Херцеговина одбиваат да ја признаат независноста на Косово.

Косовски лидери, тврдат дека Рама не се консултирал со Косово пред да започне оваа иницијатива.

Третата средба ќе се одржи овој викенд, 21 декември, во Албанија, додека двете претходни се одржаа во Србија и Северна Македонија.

Не е јасно дали ова ќе влијае и на ставот учество н а македонскиот премиер.

Имено, македонски министри во два наврати се солидаризираа поради неучеството на Косово на меѓународни конференции.