Тачи: Обидот за уривање на Владата е обид на Русија за дестабилизација на Македонија!

„Лидерот на ДПА Мендух Тачи во емисијата ‘КликПлус’ на ТВ 21 изрази сомневање дека предлогот за изгласување недоверба на Владата, односно обидот за нејзино уривање, претставува настојување на Русија да се дестабилизира Македонија“ – ја пренесува „Лајм“ веста на ТВ 21.

ТВ 21 на својот портал ја конкретизираше оваа изјава на Тачи: „Лидерот на ДПА искажа загриженост за руско влијание во Македонија: ‘Имаме 61 пратеник, но проблем е што се зголемува руското влијание во Македонија. Се подготвуваше црно сценарио за Македонија. Никој не може да ме убеди дека и Русија нема влијание тука. Ова е сериозна закана за државата.“