Косовскиот претседател Хашим Тачи верува дека плановите за размена на територија со Србија се најдобрата можност за унапредување на членството во ЕУ и во НАТО.
„Договорот ќе донесе поголема стабилност и мир во регионот, а на Косово ќе му овозможи да влезе во ЕУ и НАТО“, изјавил Тачи во Виена, пренесува агенцијата АПА.
Тој истакна дека нема да има етнички граници, но дека, како што рече, двете земји ќе останат мултиетнички и дека никогаш нема да има војни меѓу нив.
Шансите за успешен договор, според него, никогаш не биле подобри, бидејќи плановите за поддршка на ЕУ и САД.
„Новина е дека и Русија ќе биде подготвена да го поддржи договорот, кој двете страни ќе го прифатат“, тврди Тачи.
Според косовскиот претседател нема да има голема Албанија”, ако што нема да има ни „големо Косово “, туку интеграција на регионот во европскиот простор.




