Косовскиот претседател Хашим Тачи нема да присуствува на годишната конференција на (EBRD) во Сараево, бидејќи Босна и Херцеговина не го признава Косово.



Тачи зјавиле дека не може да учествува на конференција на Европската банка за реконструкција и развој во Сараево денес и утре, бидејќи “билатералните врски се на најниско можно ниво”.

БиХ не ја призна независноста на Косово, сé уште бара визи за Косоварите кои влегуваат во земјата и „дејствува целосно анти-европски, дури и посурово од Србија“.

Во ноември 2018 година, косовската влада воведе еднократна царинска давачка за стока увезена од Босна и Србија, со услов дека ќе биде укината кога Сараево и Белград ќе го признаат суверенитетот на Косово и ќе престанат да ја спречува земјата да се приклучи кон меѓународните организации.