Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека нема да дозволи формирање на Заедницата на српски општини, бидејќи тоа, како што рече, ќе значи формирање на Република Српска на Косово, пренесува Б92.
„Точно е дека претходно се согласив со формирањето на Заедница на српски општини, но околностите се променија и не можеме да го дозволиме во замена за визна либерализација“, рече Тачи, додавајќи дека царините за српските производи мора да останат.
Тачи додаде дека Европската унија ѝ го сврте грбот на Приштина, бидејќи дури и по тригодишна препорака за визна либерализација, земјите-членки сé уште не донеле одлука.





