Косовскиот претседател Хашим Тачи во вторникот повтори дека корекцијата на границите со Србија е неопходно за да се решат сите спорови кои постојат меѓу двете земји на мирен начин, а не преку војна.
Претседателот изјавата ја даде откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај настапи со сосема спротивен став дека, „корекцијата на границите ќе го врати трагичното минато“.
„Војната заврши на 10-ти јуни 1999 година. Харадинај треба да го поддржи дијалогот со Србија, што на Косово ќе му го отвори патот кон НАТО и ЕУ“, порача Тачи.




