Тачи и Рама сакаат албански простор без граници

отребно е целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање „албански простор без граници под евроатлантскиот чадор“, изјавија косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама на средбата во Тирана вќера.



Тие, исто така, разговараа за „исправување на историските неправди“ и поврзување на Прешевската долина со Косово.

„Имав средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Разговаравме, меѓу другото, за потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање на албанска територија без граници под евроатлантскиот чадор. На овој состанок, ја покренавме потребата за исправка на историските неправди“, напиша Тачи на на Фејсбук.

Извор: БГНЕС