Тачи го нарече Насер Зибери „терорист“!?

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи вчера во Гостивар го нарече терорист кандидатот за премиер од ДУИ, Насер Зибери.



„Што го поврзува Али Ахмети со Насер Зибери? Југославија и национализмот на Насер Зибер. Насер Зибери е терорист од 1997 година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, каде државата тогаш убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе и ова е најсилниот аргумент што за среќа Бог ни дава дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел, доаѓаат од истиот извор и ние овие двајца ќе ги разделиме“, рече Тачи.