Тачи ги сака Прешево, Бујановац и Медвеѓа?

Ко-претседавачот на преговарачкиот тим на Приштина, тврди дека Хашим Тачи барал во платформата за дијалог со Белград да се вклучи и резолуција за приклучување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац кон Косово.



Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера изјави дека косовското собрание ќе предложи нацрт-резолуција за придружување на овие општини кон Косово, пишува Б92.

Копретседавачот на преговарачкиот тим на Приштина за дијалог со Белград , Шпенд Ахмети потврдил, наводно, дека косовскиот претседател го барал тоа и од преговарачкиот тим со Србија.