„Вие сте забележале дека кај ДУИ постои еден страв за да не се направи пописот. Можеби не го кажуваат тоа јавно, но по кулоари кажуваат дека постои ризик бројот на Албанци да е паднат под 20 отсто“, изјави Мендух Тачи претседател на ДПА и владин партнер во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Според него, лошите политики на ДУИ ги натерале Албанците да си заминат од земјава.
„Ова може да биде вистина, но оваа вистина открива и една друга вистина дека од 2001 година, 19 или 18 години на политичкото и владеачко дејствување на ДУИ, резултира со тотално фијаско. Ако денес се плашиме дека нашиот број ќе биде под 20 отсто, тогаш анализата вели дека Албанците си заминале од тука, Албанците не виделе тука перспектива, Албанците мигрирале и ова е еден многу цврст аргумент“, вели Тачи.





