Тачи: Далеку сме од процентот од Охридскиот – Албанците не победуваат, Македонците не губат

„Сегашното мнозинство обезбеди стабилно мнозинство. Секој го толкува договорот како што сака. Албанците не победуваат, а Македонците не губат позиции. Некои велат дека Алтернатива зазеде многу места, но тоа не е точно. Далеку сме од процентот договорен во Охридскиот договор.“ – ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ оваа изјава на лидерот на ДПА Мендух Тачи во својата информација со наслов „Мнозинството може да достигне до 70 пратеници“. Тачи ја даде изјавата по вчерашната средба во СДСМ со партнерите од владејачката коалиција во врска со влегувањето на Алтернатива во Владата.



„Сега имаме стабилна влада и стабилни институции.’ – додаде лидерот на ДПА Тачи.“