Тачи: „Бугарите ќе го прифатат францускиот предлог, а ние да не очекуваме тврдоглаво подобар договор, кој ќе биде се полош“

„Коментирајќи ги последните случувања околу евроинтегративниот процес на земјата во ЕУ, во емисијата ‘Клан дебата’ на ТВ Клан Македонија претседателот на ДПА Мендух Тачи рече дека постои надеж, оти САД ќе успеат да се справат со ситуацијата со Бугарија и дека ќе ја убедат да го повлече своето вето, бидејќи тоа целосно го дестабилизира регионот. Во врска со францускиот предлог, Тачи истакна дека е оптимист, оти Бугарите ќе го прифатат тој предлог.“ – објави ТВ Клан Македонија.

ТВ Клан ги пренесува ставовите, кои Тачи ги изнесе во емисијата: „Грешиме ние, Балканците и луѓето во регионот, кога западниците ни нудат договор, кој треба да се прифати. Ние се однесуваме тврдоглаво и чекаме подобар договор, но јас ви гарантирам дека секогаш ќе имаме полош и полош договор.“

„Во врска со барањето на опозицијата за одржување предвремени парламентарни избори, лидерот на ДПА Тачи нагласи дека сега не е моментот за избори. ‘Владата треба да зборува со опозицијата: дали таа има подготвеност и конструктивност, што се однесува до големите прашања како што е датумот, да го добиеме тој датум за отворање на преговорите, а предвремените избори се дискутабилен елемент. „А не опозицијата да води националистичка политика и да здобива поени, додека евроинтеграцискиот процес не е воопшто дел од нејзиниот дневен ред.“ – изјави Мендух Тачи во „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија.