„Собранието ја контролира извршната власт. Ако во одредени моменти, како што сега се наоѓаме, имаме вонредна ситуација, постои огромна опасност Владата да дејствува без парламентарна контрола“, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи на денешната прес конференција.



Тој бара свикување на Собранието и формирање влада на национално единство.

„Мислиме дека на првата седница на Собранието ќе треба да се дискутира за влада на национално единство во која ќе учествуваат сите парламентарни партии. Постои време за битки, постои време и за мир. Ова е време за мир и за соединување“, порача Тачи.

Тој рече дека се согласуваат Беса и Алијанса за Албанците да бидат во таа влада затоа што тие се парламентарни партии. Добро, е рече Тачи, што кај Македонците сите релевантни парламентарни партии се во владата преку коалициите околу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но така треба да биде и кај Албанците.