„Лидерот на Демократската партија на Албанците – ДПА Мендух Тачи во емисијата ‘Клан дебата’ на ТВ Клан Македонија вечерва кажа дека победата во Градот Скопје во вториот круг на локалните избори зависи од ДУИ. Што се однесува до Тетово Тачи уште вечерва и ја честиташе победата на кандидатката на ДУИ Теута Арифи.“ – пренесува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата информација, која ја објави под наслов „Мендух Тачи: ‘Победата во Градот Скопје зависи од ДУИ, а вечерва и ја честитам победата на ДУИ во Тетово“.
„Журнал“ изнесува: „Запрашан како гледа на математиките и предизборните калкулации Тачи изјави: ‘Ќе почнеме од Скопје. Без дискусија, ќе победи кандидатот на Владата, бидејќи има широка поддршка, ДУИ ќе го понесе главниот товар, бидејќи како партија е многу моќна во Скопје. Верувам дека СДСМ ќе победи повторно против кандидатот на другата коалиција. Но, одлуката сигурно ќе дојде од Албанците. Победува кандидатот на СДСМ, а Албанците ќе бидат заслужни за тоа.“
„На прашањето што мисли за Тетово и Гостивар претседателот на ДПА Мендух Тачи одговори: ‘Верувам дека во Тетово е завршена работата. Победува кандидатот на ДУИ. Тоа ви го честитам уште денеска, со оваа поддршка што ќе ја даде ДПА, бидејќи ДПА е позната по многу работи, но има и една добра работа. ДПА има армија од гласачи, милитанти.“
„Мендух Тачи ја прифати соработката меѓу ДПА и ДУИ и за неа се зборуваше во оваа емисија на ТВ Клан Македонија денес. Тој изјави дека оваа спогодба е долгорочна.“
„Мендух Тачи изјави дека албанската партија ‘Алтернатива’ ќе биде дел на Владата. Според Тачи, ова е веќе завршена работа.“ – пренесе „Журнал“





