Тачи: Ако ВМРО ДПМНЕ добие 65 пратеници, ќе им кажам на нивните гласачи дека таа победа ќе доведе до судир!

„Ако се случи ВМРО ДПМНЕ да добие 65 пратеници, тогаш јас ќе бидам политичарот, кој ќе им каже на луѓето, што ги поддржале, дека таа победа ќе доведе до судир! Не се плашам од можната голема победа на ВМРО ДПМНЕ!“ – изјави лидерот на Демократската партија  на Албанците Мендух Тачи синоќа во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија.



ТВ Клан Македонија ги објави нагласките од искажувањата на Мендух Тачи: Тој му упати совет на лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети да не одредува кандидат, со кој неговата партија ќе настапи на претседателските избори годинава. Според Тачи, Ахмети треба да го поддржи уште од почетокот силно владиниот партнер СДСМ и нивниот кандидат за претседател на државата.

„СДСМ и на сегашниот претседател Пендаровски ќе можат да преживеат во вториот круг на претседателските избори само ако бидат поддржани од албанските политички сили. Ако не бидат поддржани од нив, тогаш ќе треба да знаеме дека тие ќе бидат на работ на пораз. Мора да знаеме и дека со ваквиот пораз ќе си отвориме самите на себе нови проблеми.“ – посочи Мендух Тачи.

Лидерот на ДПА Тачи смета дека се избрзани албанските кандидатури за функцијата претседател на државата. Според него, оваа позиција ќе биде недостижна за Албанците се додека шефот на државата ќе се бира на изборите со народно гласање. Како што вели лидерот на ДПА, ова ќе може да се промени само ако претседателот почне да се избира во Парламентот.

„Арбен Таравари малку побрзаа да ѝ дадат на македонската опозиција уште еден чекор, уште едно охрабрување, но со цел да се обидат да ја доведат во очај владејачката коалиција, главниот партнер на таа коалиција СДСМ“ – посочи Мендух Тачи.