Членови на СДСМ се налутија откако во новогодишното обраќање лидерот на партијата и мандатар Димитар Ковачевски се сликаше со знамињата на партијата, на НАТО и на ЕУ а во кадарот не е и македонското државно знаме.
,,Среќна Нова Година и вам, но ме разочаравте на кои граѓани се обраќате на која држава кога во вашата позадина не го гледам Македонското државно знаме ,НАТО Партиско и Европско, член сум на СДСМ но вакво нешто ме љути…”, пишува разочарана членка на СДСМ.
Зошто Ковачевски го избегнал македонското државно знаме засега нема официјално објаснување.
Целото видео без државното знаме






