,,Таче онлајн бутик”, влада.мк две години продава чанти, часовници, патики … (ВИДЕО)

Дали знаевте дека страницата на vlada веќе втора година паралелно функционира и како online продавница?



Ова прашање го поставува пратеникот Миле Лефков кој објавува видео на кое се гледа дека преку официјалниот сајт на владата на Република Македонија може да се набават разни видови производи.

Според Лефков некој преку сајтот на владата продава D&G ташни, Casio часовници, Nike, Adidas патики…

Ова ситуација која е удар не само за имиџот на владата туку и за безбедноста на целиот институционален систем Лефков го нарекува:
#ТачеОнлајнБутик