Таче не е поканет за новата Тиранска Платформа на Рама со Ахмети, Таравари, Касами, Гаши и Тачи

Премиерот и лидер на СДСМ каде членуваат многу Албанци не е повикан на состанокот на новата Тиранска платформа која е на повидок откако албанскиот премиер Еди Рама ги повика другите лидери на Албанците на средба за која засега не е објавена агендата.



Неповикувањето на Ковачевски дава сигнал дека на сослушувањето во Тирана ќе се зборува за теми за кои не треба да знаат Македонците.

Покана за средбата добиле лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, првиот човек на Беса, Билал Касами, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, како и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.

Логичен потег на Ковачевски по оваа етничка средба на албанските лидери во Тирана би била средба на македонските политички партии или предвремени избори по кои ДУИ извесно ќе ги загуби своите позиции во македонската политика.

Лидерот на СДСМ чија влада зависи од ДУИ засега одбива предвремени избори знаејќи дека истите ќе ги изгуби катастрофално.