Американскиот амбасадор во Словенија, Брент Хартли е зачуден од благите реакции на официјална Љубљана по „случајот Скрипал“ и порача оти тамошните власти мора да донесат долгорочна проценка што е нивен интерес: демократските вредности на Западот или рускиот модел на општество.
Хартли бил изненаден што Словенија не им се придружи на мнозинството членки на ЕУ и сојузници во НАТО, кои се солидализираа со Велика Британија и протераа руски дипломати поради проценката оти Русија е вмешана во труењето на поранешниот двоен шпион, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери.
„Русите покажаа дека се подготвени на делување кое ја дестабилизира Европа и другите региони во светот. Од голема важност е меѓународната заедница да и упати порака на Москва дека таквите постапки се потполно неприфатливи“, рече Хартли.
На прашањето за наводната наконетост на Словенците спрема Русите, напомена дека е свесен за тоа и го шокира „проруската ориентација на поголемиот дел Словенци“.
Словенија одби да протера руски дипломат со образложение оти нема доволно докази за руска вмешаност во „случајот Скрипал“.





