Tри пати повеќе починати од родени во првата половина од годинава во Украина!

Украина има најголема стапка на смртност и најниска стапка на наталитет на планетата, соопшти Викторија Вагнер, член на Комитетот на Врховната Рада (Парламент – н.з.) за национално здравје.



Според Министерството за правда, цитирано од пратеничката, во првата половина од годинава во земјата се родени 87.655 лица, а 250.972 починале.

Односно, од јануари до јуни годинава стапката на смртност во Украина е речиси три пати повисока од стапката на наталитет.

За споредба, во периодот 2018-2020 година соодносот на починати и родени беше 2:1.