Tрамп најави царини за Европската унија: Таа е многу, многу лоша за нас

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за ЕУ ​​и оти неговата администрација разгледува можности да воведе царина од 10 отсто за стоки увезени од Кина од 1 февруари. „Европската унија е многу, многу лоша за нас. Наскоро ќе биде предмет на царини. Тоа е единствениот начин… да има правда.“ – нагласи американскиот претседател.



Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, претседателот на САД Трамп истакна веќе наметнал „големи царини за Кина“ за време на неговиот прв мандат. Тој додаде дека ЕУ и другите земји, исто така, имаат „вознемирувачка трговска нерамнотежа“ со САД.