СЗО предвидува дека најранливата популација кога станува збор за коронавирус ќе треба да прима дополнителна доза на вакцина секоја година.



Според последните проценки на СЗО, претставени во внатрешен документ до кој имал пристап Ројтерс, ова е единствениот начин да се добие заштита од сите соеви на Ковид-19.

Оваа проценка е вклучена во извештајот што ќе се дискутира на состанокот на Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), кој управува со програмата на СЗО, Ковакс.

Не е наведено како е донесен овој заклучок, но според основното сценарио, нови варијанти на вирусот ќе продолжат да се појавуваат, а вакцините ќе мора редовно да се подобруваат.

DER SPIEGEL Cover 44 / 2020