Светската здравствена организација (СЗО) побара најпрво на поправедна распределба на вакцините, и повика на мораториум за давање на трета доза, барем до крајот на септември.
„Разбирам дека сите влади сакаат да ги заштитат своите жители од делта варијантата. Но, не можеме да прифатиме земјите кои веќе ги искористија најголемиот дел од глобално достапните вакцини да ги искористат уште повеќе“, вели директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрехесус.
Високо развиените држави во мај имаат дадено околу 50 дози на секои 100 жители, а тој број оттогаш се одвоил според податоците на СЗО.
Истовремено, во неразвиените држави, поради недостапност на вакцините, просечно е примена по една и пол доза на секои 100 жители.
Од СЗО сметаат дека мораториум на давањето трета доза до крајот на септември ќе овозможи да се вакцинираат најмалку 10 отсто од граѓаните на секоја земја.







