СЗО: Не ви требаат маски!

Светската здравствена организација препорачува луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заболени од „Ковид-19“ или во случај да се грижат за некој кој е болен, објави Си-Ен-Ен.



„Нема конкретни докази кои сугерираат дека носењето маски има потенцијална придобивка. Всушност, постојат некои докази кои укажуваат на спротивно, поради евентуално неправилно носење“ рече д-р Мајк Рајан, извршен директор на Програмата за итни случаи за здравство на СЗО на брифинг за медиуми во Женава.

„Исто така, постои проблем бидејќи имаме огромен глобален недостиг“, рече Рајан. „Во моментов, луѓето со најголем ризик од овој вирус се здравствени работници кои се изложени на вирусот секоја секунда во секој ден. Мислата дека немаат маски е застрашувачка “.