Светската здравствена организација алармира дека во северниот дел на Појасот Газа не остана ниедна функционална болница поради недостиг на гориво, персонал и залихи, пренесе Ројтерс.



Само 9 од вкупно 36 здравствени установи во целата енклава се делумно функционални, но сите овие медицински установи се наоѓаат во јужниот дел на Газа.

„На северот практично нема функционални болници“, рече Ричард Пеперкорн, претставник на СЗО во Газа.

„Болницата Ал-Ахли беше последната, но во моментот е минимално функционална: сè уште лекува пациенти, но не прифаќа нови“, а десетина вработени, од кои сите се помлади лекари и медицински сестри, продолжуваат да обезбедуваат основна примарна нега со оскудни ресурси.

„До пред два дена, ова беше единствената болница во која можеа да се оперираат повредени лица во северниот дел на Газа и беше полна со пациенти на кои им беше потребна итна помош“, објави Пеперкорн.

„Нема повеќе операциони сали поради недостаток на гориво, енергија, медицински материјали и здравствени работници, вклучително и хирурзи и други специјалисти.