Првиот човек на Светската здравствена организација се надева дека пандемијата ќе заврши за две години.



„Пандемијата на шпанскиот грип во 1918 траела две години“, кажа тој.

„Нашата ситуација сега е поинаква. Со развојот на технологијата и поголемата поврзаност меѓу луѓето вирусот побрзо и полесно се шири и може побрзо да патува“, изјави Тедрос Адханом Гебрејесус денеска но, како што додаде, „поседуваме технологија и знаење да ја сопреме пандемијата“.

Ако може да се верува на Википедија…

Шпанскиот грип, познат и како пандемија на грип од 1918 година, траеше од февруари 1918 година до април 1920 година, зарази 500 милиони луѓе – околу една третина од светската популација во тоа време – во четири последователни бранови. Бројот на загинати обично се проценува на некаде помеѓу 17 и 50 милиони, што го прави еден од најсмртоносните пандемии во човечката историја.